Организациите за човекови права ја осудуваат принудната работа и експлоатацијата во Катар, цитирајќи и „шокирачи сведоштва“ за подготовките на Светското Првенство 2022.
Амнести Интернеш’нел, британската организација за човекови права, го обвини Катар за неуспех да ги заштити работниците-мигранти, тврдејќи дека тие се изложени на голем ризик и се под притисок на работодавачите.
Извештајот објавен денес, содржи приказни со физички и сексуални напади.
Во него се вели дека, на некои од интервјуираните им било удрено шлаканица, биле повлекувани за коса, удрени по лицето од нивните работодавци, а три лица велат биле силувани.
Одри Гугран од Амнести Интернеш’нел вели: „Зборувавме со жени кои биле измамени, а потоа биле оставени на милост и немилост на нивните работодавци и им било забрането напуштање на куќата. На некои од нив им се заканувале со физичко насилство кога барале да заминат“.
Според Амнести, околу 84.000 жени домашни-работнички работат во Катар, повеќето од нив од јужна и југоисточна Азија. Според истражувачите на Амнести, некои работеле „и до 100 часа неделно без слободен ден“.
„Законот на Катар вели дека нема граница за работни часови за домашните работници и нема обврска да им се даде слободен ден. Тие не се во можност да поднесат жалба до Министерството за труд“, се вели во извештајот.