Претседателката на Центарот за културно наследство, Донка Барџиева Трајковска открива поразителни податоци за состојбата во која се наоѓаат споменици на културата и археолошки локалитети кои се непроценливо вредни.

За една година, Центарот посетил 58 цркви и манастири низ целата држава и според Брџиева Трајковска, тие биле во уште полоша состојба отколку што претпоставувале експертите за заштита и конзервација
.
На изложбата која е поставена во Културно информативниот центар, преку повеќе од 50 фотографии, детално е претставен степенот на оштетување заради ненавремената и нестручна заштита на црквите, манастирите и археолошките локалитети.