Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе држиме ли палци за среќа Собранието да ги изгласа антикризните мерки?

0
By Ана Василевска on November 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деновиве сите ги очекуваат антикризните мерки, ранливите категории и пензионерите ветената помош, компаниите поевтина струја. Премиерот Димитар Ковачевски уште кога ги соопшти побара соработка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо поддршка тие започнуваа нова дебата дека овие мерки се недоволни. И покрај предупредувањата на Светската банка дека нашиот Буџет е лимитиран и дека треба секој денар да се испланира, ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни мерки, ама не кажува од каде земјава да најде пари за истите.

 

Владата уште пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен  пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра, но ако се присетиме како во минатото функционираше Собранието во однос на гласањето на законите поврзани со антикризните мерки и блокадите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тогаш навистина треба да држиме палци за среќа.

Потребна е совест кај пратениците и под итно да се изгласаат мерки што може да им помогнат на илјадници семејства од ранливите категории, пензионерите но и малите и средни претпријатија.

Со претходниот сет мерки кој се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки до сега достигна над 760 милиони евра, a тоа значи согласно проценките на Светска банка, вкупната помош на Владата досега изнесува.
околу 5% од БДП.

За споредба, оваа помош во околните земји изнесува 2,5% од БДП на Србија, 2,1% во Косово,  1,4% во  Албанија,  0,5% Босна и Херцеговина  и 0,1% во Црна Гора.

Потребни се законски измени во Собранието

Премиерот Димитар Ковачевски јасно порача дека за некои од мерките планирани за наредните четири месеци мора да се направат законски измени.

Така е за 330.000 пензионери согласно препораките на СБпензионерите кои, во зависност дали се меѓу оние со најмали пензии или со малку повисоки, треба да добијат месечна помош од 750 до 1.500 денари.

Во директните мерки е еднократната помош по 3.000 денари во наредните четири месеци за ранливите категории граѓани, кои сега примаат различни видови помош од државата.

Само да не се огрешат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, па и овие 42.000 граѓани да чекаат на нивното притискање копче.

Кои се мерките за стопанствениците

Мерки побараа и стопанствениците,  па така компаниите се ослободени од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување и  вкупно се 26 милиони евра остануваат на располагање за оптег во стопанството.

Компаниите што произведуваат храна имаат рок од еден месец да потпишат договор со ЕСМ продажба за набавка на струја по 80 евра за мегават/час. Оваа мерка на Владата е со ограничено времетраење за да се преброди енергетската криза.

Одлуката стапува на сила по објавување во Службен весник по што компаниите ќе имаат рок од еден месец да потпишат договор. Мерката е со времетраење до 30 април 2023 година или до прекин на прогласената кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија.

Исто така продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност со 10,5 милиони евра преку Министерството за финансии.

Дополнително се одложува воведувањето еколошката такса, која во стопанството ќе сочува 25 милиони евра.

Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%, па така 611.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи и имаат пет пати помала сметка за струја од она што би ја платиле без субвенцијата на државата, а оваа мерка ќе остане до крајот на годината со што планот е да се приклучат и компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час“.

Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат. Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

Дали ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги блокира и антикризните мерки?

Во однос на енергетската криза, добрата вест е што училиштата и здравствените установи се вклучуваат на регулираниот пазар. Секако и тоа бара државни пари, затоа што таа цена е значително под берзанската.

Како и секогаш кога се прави  листа кој да добие пари од државната каса, ќе се јават и многу незадоволни. Но, како што уште пред една година ни порачаа од Светска банка, државата нема неограничени пари, помошта треба да се намалува и строго да се насочува.

Она што загрижува е ако запнат законите во Собранието, бидејќи според досегашните информации над 70 закони се блокирани во законодавниот дом, а опозицијата веќе ја започна својата добро позната стратегија од претходно. Пред Собранието претстави свој пакет на антикризни мерки, кои на хартија изгледаат добро, но нема насоки од каде да се најдат пари.

Извор: Соња Танеска / Цивил Медиа

Антикризни мерки блокада ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.