Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се надградува граничниот премин Евзони за да се намалат повеќечасовните чекања

0
By Marija Todorovska on May 21, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас.

Надградбата на копнените гранични премини на Грција, меѓу кои и оној кон нашата земја беше најавена на почетокот на годинава, а се очекува да се намали времето на чекање, кое минатото лето на Богородица-Евзони, поради големиот број туристи, во одредени денови достигнуваше и до пет часа.

Од Министерството за внатрешни работи на Грција, од секторот Македонија и Тракија соопштија дека на состанокот одржан вчера на граничниот премин Евзони се разговарало за надградбата што ќе се одвива на две нивоа.

Едното се однесува на зајакнување персоналот на граничниот премин, „барање доставено до политичкото раководство на надлежните министерства со цел да се скрати времето за проверка на податоците“.

Второто се однесува на функционалното подобрување на инфраструктурата и според планот, целосното реновирање на објектите ќе биде завршено во текот на 2026 година со целосна промена на изгледот на целиот граничен премин.

Заменик-министерот за Македонија и Тракија Константинос Јулекас по состанокот рече дека покрај целокупната надградба на објектите, се обидуваат да преземат мерки за решавање на проблемите, особено во текот на летниот период.

Овие мерки се однесуваат на тоа како можеме при влезот и излезот да го олесниме поминувањето за да немаме повеќечасовни застои. Се обидуваме да ја зголемиме и брзината на информацискиот систем, за побрзо да се завршува контролата при влез во Грција. Она што разговаравме е да се забрзаат царинските и пасошките контроли и како да успееме, оние што доаѓаат во нашата земја или заминуваат да го видат токму со она што сме, сликата на Европа, рече Јулекас.

Според информациите од состанокот, во 2024 година на граничниот премин Евзони биле проверени околу пет милиони пасоши, а во првите четири месеци од годинава околу еден милион.

граничен премин Грција Евзони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.