Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се применувал како последна опција пред суспензија: Училиштен округ во САД го враќа ќотекот како мерка

0
By Sashko on August 25, 2022 СВЕТ
Фото: ky3.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Училишниот округ Касвил во Мисури, САД, одлучи повторно да го воведе физичкото казнување на учениците. Според новиот правилник, физичката казна – удирањето ќе се применува како последна мерка, пред суспензијата, односно доколку не успеат другите дисциплински мерки.

„Тоа ќе се врши на начин каде нема можност за физичка повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот.

„Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот“, објасни Мерлин Џонсон, началник на училиштата во Касвил.

Училишниот одбор ја одобри мерката во јуни и ги извести родителите дека ја враќа дисциплинска мерка што областа престана да ја практикува во 2001 година. Инаку, минатогодишно истражување откри дека родителите и старателите побарале дополнителна дисциплинска мерка.

„Некои родители рекоа дека не сакаат учениците да бидат суспендирани. Тие сакаат друга опција, а ова (удирањето, б.п.) ќе се користи како можност пред суспензијата“, објасни Џонсон.

Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удирани, можат да потпишат формулар во којшто се согласуваат со тоа. Телесното казнување во училишната област ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци. Никогаш нема да се спроведе во присуство на други студенти, велат правилата.

Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на надлежните да одлучат дали ќе го спроведуваат тоа. Во мигов, 19 сојузни држави, претежно на југот од земјата, сè уште дозволуваат физичко казнување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.