НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се реновира култната Железничка зграда во Скопје

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Центар најавува реновирање на Железничката зграда во Скопје. На настанот „Активно кино на заедницата“ кој се одржа минатата сабота во кино салата на Железничката зграда, се одржа дискусија на тема „План за употреба на Железничката зграда“, на која присуствуваше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, младите архитекти- креатори на идејни решенија за обновување на просторот кои учествуваа на студентскиот конкурс, станарите на Железничката зграда, како и иницијаторите на проектот од неколку партнерски граѓански организации.

Општина Центар веќе има издвоено буџет за реновирање на култната Железничка зграда во центарот на Скопје. Потребно е да се креира работна група која понатаму ќе ја реализира целата постапка на заживување на овој архитектонски уникатен и вреден.

Овој настан се одржа како дел од проектот „Културни простори за активни граѓани“, кој веќе подолго време мапира простори од културно и историско значење на територијата на Македонија, во обид да се издејствува нивно обновување и повторно заживување во служба на културата и уметноста. Овој проект е поддржан од програмата Цивика Мобилитас и во организација на партнерите „Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста“ од Скопје и „Факултет за работи што не се учат“ од Битола/ Скопје, кои во текот на 2017 и 2018 година, во соработка со станарите и куќниот совет на зградата, активно работеа на темата “Употреба на киното на Железничка зграда”.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар вели дека во програмата на Општина Центар веќе се предвидени средства за обнова на Железничката зграда, останува уште идејните решенија на архитектите да се достават како проект до општината и сите различни чинители активно да се вклучат во континуирана комуникација и соработка, а посебно станарите чија согласност е клучна со цел да се реализира било кој предлог за реновирање и интервенција на објектот.

-Ќе ни биде потребна проактивна соработка од сите засегнати страни за да се реализира овој проект  Посебно од граѓаните на Железничката зграда. Ние како Општина имаме одредени правни рамки кои мораме да ги испочитуваме, а за тоа ни е потребна соработка од сите. Во нашите програми и во буџетот  веќе е предвидено да се направи интервенција на фасадата или било кој простор во зградата но, мора да имаме согласност од сите станари за да биде целосна документацијата. Исто така треба да се аплицира со проект до Општината, за да се дојде до решение како ќе изгледа сето тоа и што треба да се прави, а тоа зависи од сите кои се вклучени во тој процес. Ние веќе имаме проекти во кои што се вклучени други институции, здруженија и граѓани и на нив оставаме самите да одлучат како сакаат да изгледа нивното катче, или објект. Ние како Општина можеме да понудиме само логистичка поддршка и да ги обезбедиме средствата за тоа да се случи –  вели Богдановиќ.

Виолета Качакова, од Локомотива, центарот за нови иницијативи во културата, вели дека овој проект е поширок, и опфаќа повеќе локации на територијата на Македонија.

-Постои дијалог и соработка со градската власт, еден од просторите кој што веќе функционира во соработка со Општина Центар е Кино Култура. Вториот простор во Скопје, е ова кино, за кое веќе се залагаме заедно со станарите на зградата да се обнови и заживее. Останатите два простори се К.У.Ц Текстил во Штип и Офицерскиот дом во Битола. Мислам дека постои дијалог и интерес за соработка, прашањето е кои се можностите и правните и финансиските препреки, меѓутоа ние сме овде да се залагаме за тоа да успее и без разлика колку ќе трае тој процес – ќе се трудиме да вроди со некаков резултат – изјави Качакова.

На настанот беа изложени и образложени предлог-проектите на младите архитекти кои се пријавиле на студентскиот конкурс за идејно решение за нов внатрешен просторен концепт (dream space) на постоечкото кино во Железничка зграда во центарот на Скопје.

Сертификатите и наградите на трите најдобри решенија на конкурсот ги доделија членовите на жири-комисијата, архитектите Дејан Ивановски  и Максим Наумовски и ликовната уметница Слободанка Стевческа.

На конкурсот пристигнале 6 проектно–идејни решенија поднесени од шест соработнички тимови на студенти и млади професионалци – архитекти и ликовни уметници.Првата награда од 15.000 денари ја добија Ирена Милојеска и Христина Секулоска, а наместо втора и трета награда беа доделени две втори награди од по 7.500 денари, едната за тимот автори Миа Шириќ  и Михајло Стојановски, и другата за Љавдрим Реџепи и Енес Север. Посебно признание и книга Комисијата додели на проектот од авторите: Симона Чинговска, Милица Савевска и Томе Димитриевски, а пофалници за учество добија и авторките  Тамара Чорбиќ и Моника Танушевска.

Студентите по архитектура кои ги изложија и презентираа своите идејни решенија во склоп на настанот, ја изразија волјата и да одат до крај со нивна реализација, бидејќи на Железничка зграда гледаат како на едно исклучително значајно архитектонско богатство и инспиративен простор за работа, во кој и покрај интервенцијата, сепак треба и да се задржи автентичноста и првичната естетика.

Студентките кои го добија првото место за решение на просторот на Кино салата, Ирена Милојеска и Христина Секуловска, велат дека тргнале со идеја да направат реално решение, изводливо и со мал буџет. Тие изразија волја детално да ја доразвијат идеата и со тоа решение да аплицираат во Општината, па дури и самите да го реализираат.

Архитектот Максим Нумовски, член на жири комисијата која ги оценуваше студентските трудови, истакна дека еден од клучните критериуми по кои ги оценувале пристигнатите трудови, било решението како да се обнови првичниот колективистички карактер на просторот наменет за станарите, како и можноста да се вметне надворешна програма, но притоа да не се одземе и наруши просторот на станарите.

Ликовната уметница Слободанка Стевческа, која исто така беше дел од жири комисијата, му порача на градоначалникот Богдановиќ и испрати апел до сите институции да се поддржуваат што почесто ваквите помали, децентрализирани културни иницијативи, поради нивната моќ за оплеменување и еманципација, а посебно поради тоа што нашето општество имало можност да ги посведочи штетните последици од занемарувањето на уметноста и културата во последната деценија.

Архитектот Дејан Ивановски пак, потсети дека ваквиот модел на колективно домување, по примерот на Корбизје е бисер на нашата архитектура кој треба да се негува и да служи за пример на следните генерации млади архитекти.

На отворената дискусија присутни беа и дел од станарите на Железничката зграда, едни од нејзините напрви и најстари жители кои се сеќаваат на времето кога тој простор за домување фунцкионирал во полн сјај. Тие апелираа да не се изостава реновирањето на целиот простор, бидејќи не е проблем само запуштената состојба на кино салата, туку и на целиот објект кој е во ужасна и истрошена состојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.