Приштина: Кенија го призна Косово како независна држава, првата земја што го стори тоа по речиси пет години застој во напорите да добие дополнително меѓународно признавање, јавуваат.
-Кенија го призна Косово во интерес на меѓународниот мир и безбедност, територијалниот интегритет и за унапредување на зајакнувањето на односите со балканските земји, се наведува во соопштението на кениското Министерство за надворешни работи.
Ова го соопшти поранешниот претседател на Косово, Беџет Пацоли, кој на својата страница на Фејсбук сподели фотографии со кенискиот претседател Вилијам Руто додека го потпишува писмото за признавање.
Последната земја што го призна Косово беше Израел во септември 2020 година.
Од МНР на Србија веднаш реагираа на одлуката на Кенија, нарекувајќи ја грубо кршење на меѓународното право.