Американскиот секретар Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија, Сегеј Лавров денеска ќе се сретнат во Лондон во последните обиди да се реши кризата на украинскиот полуостров Крим.
Кери е пристигнат во Британија за разговорите со Лавров по трет пат овој месец, два дена пред гласањето кое ќе одлучува дали Крим ќе и се придружи на Руската федерација.
Кери ќе бара гаранција од Москва дека нема да го припои Крим и дека ќе работи со Украина за неутрализирање на тензиите, каде што поддржувачите на Русија и руските трупи го зголемија присуството изминатите неколку недели, пренесува Ројтерс.
„Доколку Русите не се одлучат за ова, доколку Путин не се одлучи во корист на ова, тогаш претседателот Обама предупредува дека ќе следат санкции. Јасни бевме кога укажавме дека постои начин како би се смирила ситуацијата“, вели анонимен американски претставник за Ројтерс.
Кери исто така претходно на предупреди Москва дека САД и ЕУ до понеделник ќе воведат санкции за Русија доколку се спроведе референдумот. Тој и неговите колеги од Европа неколку пати се оградија од руската интервенција на Крим, потенцирајќи дека резултатите што ќе произлезат од недела ќе бидат нерелевантни.