Русија ги повлекува своите воници од границата со Украина, рече американскиот државен секретар Џон Кери, кој меѓудругото го осуди доаѓањето на проруските чеченски сепаратисти на истокот на Украина.
„Војската која беше распоредена на границата се повлекува кон Москва, не кон Киев“, рече Кери за американската телевизија PBC.
„Од друга стрна постојат докази според кои Русија ја преминува границата, односно Чеченсците тренирани во Русија ја преминуваат границата за да започнат судир“, обвини Кери.
Тој на оваа тема разговарал преку телефон со својот руски колега Сергеј Лавров, соопшти Стејт Департментот.
Украинските медиуми објавија дека оваа седмица чеченските борци се присутни во Доњецк, кој важи за упориште на сепаратистите. Чеченскиот претседател Рамазан Кадиров во средата одрекуваше дека испратил војници да се борат на истокот на Украина, но не ја исклучи момжноста Чеченците да отишле таму самоиницијативно.
Белата куќа ја изрази својата загриженост за софистицираното оружје во рацете на бунтовниците во Украина, по смртта на 12 украински војници во хеликоптерот кој го урнаа проруските сепаратисти.