Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Ирбил, во курдскиот регион во Ирак, како дел од неговите дипломатски напори за смирување на воената и политичка криза во земјата.
Кери од претседателот на курдската автономна област Масуд Барзани ќе побара поактивна улога во помагањето на реформите на шиитската влада во Ирак, против која се борат сунитските милитанти.
Масуд Барзани, за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, изјави дека Ирак се распаѓа и ја повторни заканата за референдум за независност на курдската област.