На 03.01.2022 година во ОВР Кичево пријавено е дека угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево го нарушил јавниот ред и мир со пуштање гласна музика. Полициски службеници од различни локации извршиле две мерења со апарат-фонометар и притоа констатирале бучава од 54 и 64 децибели, по што против правното и одговорно лице ќе биде поднесена соодветна пријава.