Цела ноќ исцрпувачки борби во Киев. Во раните утрински часови сеуште бранителите се спротивставуваа на жестоките напади на специјалните полициски сили Беркут кои на плоштадот Мајдан на едно место успеаја да ја пробијат барикадата.
Околните згради горат, а не е позната судбината на луѓето во Домот на синдикатите кој е во пламен цела ноќ.
Во вчерашните судири меѓу полицијата и демонстрантите убиени се 25 луѓе, седум полицајци и 13 демонстранти, а повредени се над 1.000 луѓе, според податоците на министерството за здравство.
Загинал и еден новинар на киевски „Вести“ кој бил погоден од снајперски оган.
Украинскиот претседател Виктор Јануковиќ објави на порталот на претседателот на Украина проглас во кој за ескалацијата на насилствата го обвини отпорот. „Ја поминавте границата и затоа оние кои повикуваат на оружје и сакаат власт по пат на незаконско дејствување ќе сносат кривична одговорност“.

