Околу 200.000 про-европски демонстранти се собраа на Плоштадот на независноста во центарот на Киев, каде што протестираат речиси еден месец против одлуката на претседателот на Украина Јанукович да ја игнорира европската интеграција во корист на Русија .
Местото е преполно со луѓе и демонстрантите продолжуваат да пристигнуваат на новите масовни демонстрации организирани од опозицијата, по оние од претходните две недели каде беа мобилизирани стотици илјади демонстранти, изјави новинар на Агенцијата Франс Прес.
Но, овој пат се очекува раст на тензиите, бидејќи како што известуваат светските агенции, властите планираат контра-протести. И оттаму се децидни на „нон-стоп протести“.
Демонстрантите се на Плоштадот на независноста во главниот град Киев повеќе од три недели откако Јанукович се реши да не потпише договор со ЕУ.
Американските и европските политичари јавно дадоа поддршка на опозицијата- американскиот сенатор, Џон Меккејн вчера пристигна во Украина на разговор со Витали Кличко и другите лидери од опозициските партии. Меккејн ги опиша протестите како „неверојатен доказ за патриотизам“.
Јанукович следната недела патува во Москва, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.