Актуелниот претседател на Украина, Александр Турчинов најави остри мерки против антивладините демонстранти во северниот дел на регионот Доњецк, источна Украина, пренесува Раша тудеј.
„Антитерористичката операција почна во текот на ноќта во понеделникот“, вели Турчинов. „Целта на овие активности е да се заштитат граѓаните на Украина.“
Во меѓувреме радио „Гласот на Русија“ пренесува дека во источниот дел на земјата се одвива воено придвижување. Во Киев пак, претепан е про-рускиот претседателски кандидат Олег Царев.
Според рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дијалогот кој Киев им го нуди на демонстрантите е во добар правец, но задоцнет потег.
Тој вели Москва најостро ги осудува последните потези на украинските власти, и побара од Киев да престане да ги праќа, според него таканаречените безбедносни сили, во источниот дел на земјата.
Тенкови и друг вид на воени возила и оружје утрово се приметени близу Словјанск, оклопни возила се забележани во околината на Криматорск, а во една воена колона забележани се и рактени системи, пренесуваат светските медиуми.