Украинскиот премиер Денис Шмигал соопшти дека Владата во Кијив го одобри договорот со Вашингтон за експлоатација на минералните ресурси на Украина.
Владата го одобри неопходното решение за потпишување договор меѓу Украина и САД за создавање инвестициски фонд за обновувањ“, напиша Шмигал на Телеграм.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе го посети Вашингтон в петок за да го потпише договорот.
Приота, Трамп даде до знаење дека САД нема да дадат широки безбедносни гаранции за Украина и покрај тоа што Кијив инсистираше на такви гаранции.