Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун веќе три недели не се појавил во јавноста и не присуствувал на ниеден државен собир.
Според „Чајна дејли“, севернокорејските медиуми потврдиле дека нивниот лидер е болен.
– Нашиот лидер, и покрај болеста, со полн жар продолжува да го води народот, е пораката која државната телевизија ја испратила до граѓаните во земјата.
Последната ТВ снимка со Ким Јонг Ун е прикажана на 3.септември, а во меѓувреме на телевизиите отсуствуваат видео-записите со неговите свечени посети, иако како што пишува британски „Телеграф“, тие редовно се прикажуваат, околу 10 пати месечно во земјата.