Кинсеките инженери подготвуваат проект за изградба на најдолг подземен тунел во светот, пренесоа бритенските медиуми, повикувајќи се на весникот „Чајна дејли“.
Проектот до април ќе и биде преставен на владата на одобрување. Ако се одобри, неговата изградба ќе почне во 2015 или 2016 година.Тунелот ќе биде долг 123 километри,што два пати подолгоод актуелниот најдолг тунел во светот,оној што ги поврзува островите Хокаидо и Хоншу.
Тунелот-рекордер ќе биде завршен до 2026 година. Тој ќе тргнува од пристаишниот град Далиан, во североисточната провинција Лаонин, до градот Јантај, во источната провинција Шандун. Патувањето преку тунелот ќе трае 40 минути. Сега меѓу двата града се плови осум часа со фериброт.
Кина ги соопшти своите планови за изградба на овој тунел уште во 1994 година, со тогашата проектирана цена од 10 милијарди долари. Имаше намера да го завршат до 2010 година. Но,20 години проектот остана во фазата на планирање.
Најдолгиот тунел во светот, јапонскиот е со должина од едвај 54 километри. Тунелот Сеикан беше пуштен во употерба во 1998 година, по над две децении градежни активности.
Тунелот под Ла Манш е долг околу 51 километар.