Законодавната власт на Кина денеска официјално го избра 57. годишнниот Ли Keкиjанг како премиер, инсталирајќи бирократ кој зборува флуентно англиски, човек кој е задолжен за економијата на оваа земја, втора во светот по големина, со цел да го заживее растот преку експанзија на потрошувачката.
Како што јавува Би-Би-Си, речиси 3.000 делегати се собрале во Големата Народна Сала во Пекинг, да гласаат за именувањето на Ли, ставајќи го конечниот печат на одобрување на генерациска транзиција на власта.
Ли доби само три гласови против и шест воздржани, од внимателно избраниот парламент.