Кина ja повика Малезија да “ги засили своите напори” во потрага по патничкиот авион Малезија ерлајнс, кој исчезна во саботата.
Масовната потрага и спасувачката операција во која учествуваа девет земји не најдоа трага од авионот или од 239-те патници – од кои повеќето беа Кинези.
Властите ги прошируваат областите за пребарување во Малака теснецот и на Јужното Кинеско Море.
Авинот со лет MH370 исчезна од радарот на пат кон Пекинг од Куала Лумпур.
На роднините на исчезнатите патници им беше кажано да се подготват за најлошото.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кин Чин Ганг претходно ги повика малезиските власти да ги зголемат напорите за пребарување.
“Ние … имаме одговорност да бараме и да ја повикаме малезиската страна да ги засили [своите] напори за пребарување, да ја започне истрага што е можно поскоро и да обезбеди релевантни информации во Кина правилно и навремено”, рече тој.
Трпението станува се помало во потрагата по исчезнатиот авион, вели за Би-Би- Си дописничката Силија Хатон во Пекинг.