Авионот на етиопската национална компанија денеска принудно слета во Женева. Според последните информации авионот беше киднапиран од страна на копилотот кој бара азил во Швајцарија, јавува АП.
На конференцијата за печат во Женева полицијата изјави дека копилотот и се предал на полицијата и бара азил во Швајцарија. Тој не бил вооружен, а го презел авионот кога пилотот отишол во тоалетот и дека користел јаже за излез од авионот преку прозор после слетувањето.
Копилотот е на возраст од рани 30-ти години, тој и се предал на полицијата и побарал азил во Швајцарија. На летот имало 193 патници, меѓу нив 140 италијански државјани, никој не е повреден.