Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинеска компанија ќе ги гради делниците Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип

0
By Нова ТВ on November 12, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, заедно со вице премиерот Владимир Пешевски и директорот на ЈП за државни патишта г-дин Љупчо Георгиевски и овластениот претставник на Кинеската компанија, изведувач, Sinohydro Corporation Limited, г-дин Yu Shichun ги потпишаа Договорите за изградба нa патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Охрид, врз основа на Законот кој го донесе Собранието на Република Македонија на 74-та седница, информира министерството за транспорт.

Согласно договорите, предвидено е изградба на автопатот Миладиновци – Штип во должина од 53 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Автопатот од Кичево до Охрид е во должина од 56.7 километри со широчина од 25.5 метри, со две автопатски ленти, дополнителна линија за запирање и зелен појас.

Вкупната вредност на инвестицијата согласно Договорите изнесува 580 милиони евра со можност од максимум 10% за дополнителни работи. Финансирањето во вредност од 90% преку е преку поволниот кредит од ЕХИМ банката и 10% од средства на Република Македонија обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Изведувачот ќе биде должен да ангажира подизведувачи со седиште во Република Македонија кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија пред 01.01.2012 година. Вредноста на работите кои ќе ги изведуваат подизведувачите е најмалку 49% од вкупната цена на договорите при што изведувачот ќе биде должен да користи подизведувачи, набавка на градежни материјали и други стоки и услуги кои се потребни за спроведување на договорите за изградба произведени и изработени во Република Македонија во износ од најмалку 49% од вкупната цена на договорите. Вкупниот број на вработени македонски граѓани што во било кој момент треба да бидат ангажирани од страна на изведувачите и подизведувачите треба да изнесува најмалку 51% од вкупниот број на ангажирани работници.

Градежните активности се очекува да започнат во првиот квартал на 2014 година. Изведувачот ќе биде задолжен да ги обезбеди сите потребни дозволи и сертификати согласно прописите за градење, просторно планирање, безбедност, животна средина, заштита на културно наследство и други прописи кои ќе имаат влијание за започнување на градежните активности. Изведувачот ќе обезбеди и соодветни обуки на македонските работници кои би биле ангажирани на проектот.

Со овој проект се очекува да се постигне интензивирање и воедначување на економскиот развој на сите региони во Република Македонија, да се овозможат подобри услови за функционирање на деловните субјекти во регионите кои гравитираат кон автопатиштата, развој на туризмот и други директни придобивки за граѓаните кои ќе произлезат од намалување на времето за патување, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на трошоците за одржување на возилата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.