Кинески хакери упаднаа во компјутерскиот систем на „Њујорк тајмс“ во текот на последните четири месеци.
Украдени се лозинки на новинари и претражувале по документи за истрагата за богатството на кинескиот премиер.
Нападите следеа откако на 25 октомври весникот објави вест за богатството на премиерот Вен Џиабаоа, и дека неговите роднини заработиле милијарди долари во бизнис трансакции.
„Њујорк тајмс“ наведува дека успеале да се ослободат од хакерите и да се обезбедат од нов упад со помош на експерти за интернет безбедност.
Весникот побара од компанијата „АТиТ“ која ги надгледува интернет мрежите, да обрати внимание на секоја невообичаена активност веднаш штом кинеските власти пренеле дека истражувањето за богатството на фамилијата на Вен Џиабаоа ќе има последици.