Првиот кинески ровер на месечината престана да функционира, соопшти во средата државната агенција, но Ксинхуа сега јавува дека роботот е повторно во функција. Според наводите, „тој е целосно буден“ и функционира нормално.
„Зајакот од жад целосно воскресна и е во можност да прима сигнали, но сеуште претрпува абнормалност во механичката контрола“, вели портпаролот задолжен за кинеската вселенска програма, Пеи Жаоју.
>> „Добра ноќ Земјо, добра ноќ за човештвото“
„Роверот влезе во хибернација додека влезе во абнормална состојба. Бевме загрижени дека нема да ги преживее екстремно ниските температури, но преживеа“.
Роверот има над 300.000 следбеници на кинеските социјални медиуми слични на Твитер, и многумина од нив ја прославија оваа вест.
Опстанокот на роверот беше ставен под прашање кон крајот на јануари, кога беше најавено дека влегува во хибернација и дека можеби нема да ја преживее својата мисија. Тој тогаш се прости со „тажната“ порака „Добра ноќ за човештвото“.