Прелиминарните резултати од студијата за каналот Дунав-Морава-Вардар покажуваат дека неговата изградба би била оправдана и исплатлива, изјави вршителот на должноста директор на српската Државна агенција за просторно планирање Драган Дунчиќ.
Кинеските експерти за неколку недели на Владата на Србија треба да и ги достават официјалните резултати.
Според прелиминарните проценки на студијата, изградбата на каналот би чинела неспоредливо помалку отколку што до сега можеше да се слушне во јавноста.
Претходно во јавноста се споменуваше дека изградбата на каналот Дунав-Морава-Вардар ќе чини меѓу 10 и 15 милијарди евра и дека Србија не би се задолжувала, туку е можно да го реализира проектот преку концесија.
Пловниот канал ќе има излез на Егејското море преку Вардар, а целиот проект, според досегашните најави, ќе биде од големо значење, како системите Рајна-Мајна-Дунав, Одра-Висла или Сена-Рона.