Кипар постигна значаен прогрес во разговорите со ЕУ и ММФ, кои се однесуваат на планот за штедње, изјави кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис, јавува Би-Би-Си.
Сарис додал дека останале некои нерешени прашања, со оглед на барањата на кипарските политичари за План Б за собирање пари, откако пратениците го отфрлија предлогот за оданочување на банкарските депозити, кој предизвика протести и огорченост во земјата.
Европската централна банка излезе со предупредување дека ќе престане со обезбедување на ургентни средства за Кипар, ако новиот план за помош околу долгот не се донесе до понеделник.