Украина, заедно со Словенија и Малта, може да биде следната европска земја на која и се заканува банкрот поради внатрешни финансиски потешкотии, тврди познатиот британски аналитичат Тимоти Аш.
Според него граѓаните се потшко ги враќаат банкарските кредити, додека бизнисот воден од олигарсите е загрозен томку од прогнозираниот недостаток на готовина, после колапсот на кипарските банки во кои некои претпријатија од Украина имаа значителна количина на средства.
Лондонскиот Фајненшел тајмс исто така предвидува тежок период за Украина кој ќе следи и поради очекуваниот пад на стопанските активности оваа година, после слабиот економски раст во 2012 година.
Стравот од ширење на „кипарската инфекција“ во Киев е се поголем. Украинските власти, на некогаш најпросперитетната советска република, неделава се во постојани преговори со делегацијата на ММФ за заем од 15 милијарди долари, вели украинскиот аналитичар Роман Олеарчик.
Украина сега должи им на странските доверители над 100 милијарди долари, а владата оваа година воведе остри рестрикции на увозот на руски гас и други енергенси, настојувајќи така да го намали дисбалансот во надворешната трговија и платниот биланс на земјата.