Кипарскиот министер за финансии поднесе оставка
Министерот за финансии на Кипар, Михалис Сарис, својата оставка ја обелоденил по завршувањето на разговорите со меѓународните инвеститори за пакетот помош тежок милијарди евра.
Тој изјави дека дава оставка за да ја олесни истрагата во рамки на банкарската криза во земјата.
Нов министер за финасии ќе биде досегашниот министер за труд, 41-годишниот Харис Георгијадес.
Оставка на Сарис, во повеќе наврати бараше и поглаварот на Православната црква на Кипар, која има големо влијание во земјата, јави Дојче веле