Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кираца Трајковска: Останувам во Фершпед, акциите дадени како влог во моја фирма

0
By Нова ТВ on December 26, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кираца Трајковска, потпретседателката на надзорниот одбор на „Фершпед“ за НОВА го образложи соопштението на Македонска берза, каде се информира дека биле продадени нејзините акции- Останувам во Фершпед, а ги продадов своите акции на Друштвотото за инвестирање и консалтинг “Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ” Скопје, како мој влог и заложени како позајмица во моја фирма, каде имам и уште двајца содружници, изјави Трајковска.

Во соопштението на Берза се вели:

-Согласно член 38, точка 1 од правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Фершпед АД Скопје известува дека друштвото за инвестирање и консалтинг Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ Скопје се стекна со 2.155 обични акции, односно 11,90 % од основната главнина на друштвото.

Последните денови, битката за тронот во Фершпед ја зголеми цената на акциите на оваа компанија на Берзата.

На долгогодишното партнерство меѓу двата мнозински акционери Штерјо Наков и Кираца Трајковска беше ставен крај откако Трајковска на први декември за НОВА го образложи својот потег- зошто со соопштение ја информираше и алармираше јавноста за, како што таа вели, незаконското работење на првиот човек на Ферпед, Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Управен одбор, Иван Петровски.

-Главната намера и целта на Накови е да се обезвредни фирмата, односно акциите и со тоа да станат доминантни, мнозински акционери семејството Накови- со таа цел именуваа неспособни, неквалификувани работници.

Методата е на акционерите да се бараат бланко потписи за гласањето на Вонредното собрание , и со тоа да добијат полномошни застапувања од останатите акционери, преку одредени луѓе на фирмата, за да се овозможи Накови да одлучуваат за управувачката структура.

Разочарана сум од однесувањето на Штерјо Наков- да ме елиминира од тековното работење и да наметне самоволие, тортура врз вработените, незаконско намалување на платите и неефикасно работење, кое финансиски го трпи фирмата и вработените. Разочарана сум што ме омаловажува Штерјо Наков, што ме игнорира мене, која сум дел од врвот во фирмата со цел да ме оддалечи од тековното работење.

Оваа војна која е објавена не само кон неа туку и кон другите акционери, резултирала со полициска интервенција.

Трајковска ги пријавила во полиција- Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Надзорен одбор, Иван Петровски, откако обезбедувањето не и дозволило да влезе во Фершед.

-Ги пријавив тројцата во полиција, дадов изјава дека со нивна наредба мене не ми беше дозволено да влезам во фирмата која ја создававме со години.

Нејзиниот следен чекор го образложи со овие зборови-да ги охрабри акционерите да дојдат самостојно, без притисоци и тортура да гласаат и да одлучат за својата судбина и верува дека тие се на нејзина страна, на страна на правдата.

-Јас сум со вработените и акционерите со години во фирмата- чувствувам дека тие мене ме почитуваат, нема стравопочит, туку взаемна лојалност и почитување, изјави тогаш Трајковска за НОВА.

Застапникот на странскиот фонд Квест Инвестмент пак, обвини дека дел од мнозинските акционери со пари од брокерската куќа „Фершпед Брокер“ купувале акции во „Фершпед“, без да ги платат и дека се давани милионски позајмици кои не се вратени.

Наков ги отфрли обвинувањата како неосновани и изјави дека компанијата работи законски, дека не давале никакви позајмици, а не се вршел ниту притисок врз акционерите.

Фершпед работи законски, тоа се гледа и од успешноста на компанијата. Не е точно дека сме давале такви позајмици, не е точно дека сме вршеле притисок врз акционерите за потпишување на бланко полномошна, изјави Наков.

Според податоците, Штерјо Наков заедно со неговите синови поседува 25 % од акциите во Фершпед, Кираца Трајковска 10,63 %, Драгослав Димевски 5%, а странските инвеститори што ги застапува адвокатот Гушев близу 2,8% од акциите. Останатиот капитал го поседуваат многубројни други акционери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.