Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацоски: Обезбедена е двотретинска поддршка за уставните измени

0
By Нова ТВ on January 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 9, 2019 12:38

Обезбедена е поддршката на минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски.

-Со иницирање на уставните измени РМ станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза обезбедени пратеници не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава, рече Кирацоски.

Во врска со денешниот протест тој рече дека тоа е демократско право на секој   граѓанин, но вели е повеќе од уверен дека сето тоа е во спрега со антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и некои можеби внатрешни и надворешни сили кои очајно сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ во НАТО и ЕУ.

Денеска започнува пленарната седница во Собранието на која ќе се гласа за уставните амандмани. Со нивното изгласување треба да се заокружи имплементацијата на Преспанскиот договор.

Вчера, Заев имаше средба со претставници на опозициските  БЕСА на Касами Алијанса за Албанците на Села, во врска со нивните барања за уставни измени.

Осуммината пратеници од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да му дадат поддршка на владеачкото мнозинство и нема да го дадат гласот „за“ уставни измени доколку  Владата одлучи да го прифати барањето на БЕСА терминот „македонско“ да се избрише од документите, бидејќи оценуваат дека тоа е спротивно на гаранциите за јакнење на идентитетот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која нема да учествува во расправата за амандманите, се закани дека и понатаму ќе исклучува пратеници од своите партиски редови доколку позитивно се изјаснат на собраниската седница за уставните измени.

Ова беше најавено од потпретседателот Александар Николовски при неодамнешното гостување на една телевизија. Централниот комитет на партијата веќе исклучи седум свои пратеници по гласањето за отворање на уставните измени откако беше овозможено двотретинско мнозинство од точно 80 гласа „за“, но и неколку члена на партијата кои се изјаснија против партискиот став за неприфаќање на измените на Уставот.

На текстот на предлогот на амандманите на Уставот, кои денеска треба да се најдат на пленарна седница, предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата кога не е предлагач, можеа да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале 10 амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа шест од Алијанса на Албанците, три од Беса и еден од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Независните со поднесениот амандман предлагаат во амнадманот 33 во член 1 под ставот 2 да се додаде нов став 3 со кој називот Република Северна Македонија да е само за меѓународна употреба.  Поднесени се и два амандмана на Законот за спроведување на Уставот, по еден од БЕСА и од СДСМ.

По исклучок амандмани на текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот може да поднесе до заклучување на претресот само заради усогласување на текстот на предлогот на амандманите кои се измениле поради усвојување на некој амандман, од оние кои биле поднесени во законскиот рок.

Потребни се 80 пратеници

Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на текстот на предлогот на амандмание на Уставот, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Пратеникот во текот на претресот по амандман на текстот на предлогот на амандман на Уставот може да гоори само еднаш во траење од 10 минути.

Координатор на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група во претрес по амандман може да говори само еднаш во траење од 15 минути. Претставникот на предлагачот може да говори само еднаш во траење од пет минути.

Само подносителот на амандманот на текстот на предлогот на амандманот на Уставот може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути, а доколку подносители на амандман се двајца или повеќе пратеници само еден од подносителите може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути.

Амандманите што ги поднел предлагачот и амандманите со кои тој се согласил се сметаат за составен дел на текстот на предлогот на амандманот на Уставот. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници го утврдува предлогот на секој амандман одделно.

За донесување на уставните амандмани потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници.

Што предвидуваат амандманите

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Со вториот амандман во Преамбулата на Уставот па зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

Во третиот амандман се наведува дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

На 19 октомври Собранието со поддршка од 80 гласови и 39 против, ја започна постапката за пристапување кон уставни измени. Двотретинското мнозинство беше обезбедено со осумте гласови на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив се обвинети во случаи на СЈО и за настаните од 27 април.

Текстот на амандманите и образложението

Амандман XXXIII

1.     Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Амандман XXXIV

1.     Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

2.     Со овој амандман се вршат измени во Преамбулата – Амандман 4 на Уставот на Република Македонија.

Амандман XXXV

1.     Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

2.     Со овој амандман се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.

Амандман XXXVI

1.       Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.

Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.

Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината.

Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

2.     Со овој амандман се заменува членот 49 и амандман 2 од Уставот на Република Македонија.

Образложение на Амандман XXXIII

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Притоа, согласно Конечната спогодба со Република Грција, се предвидува стапување во сила на амандманите со денот на ратификација на Спогодбата и Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Парламентот на Република Грција. Следствено, во случај на невлегување во сила на овие два документи, нема да влезат во сила ниту предвидените амандмани.

Понатаму, во согласност со договорот, со уставен закон ќе биде утврдена примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.

Образложение на Амандман XXXIV

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Конечната спогодба со Грција, во Преамбулата се вршат соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат ограничувањата за народите и нивните делови што живеат надвор од нивната матична држава. При наведувањето на државно-правните традиции, се именуваат правните одлуки на АСНОМ, кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ. Исто така, во Преамбулата се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој веќе е вграден со уставните амандмани од 2001 година.

Образложение на Амандман XXXV

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Со Конечната спогодба се потврдува постоечката меѓусебна граница меѓу Република Македонија и Грција како трајна и неповредлива меѓународна граница, при што се презема обврска ниту една од двете држави да нема, ниту да поддржува некакви претензии кон кој било дел од територијата на другата држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница. Покрај тоа, и Република Македонија и Грција се обврзаа дека нема да поддржуваат какви било претензии кои може да ги изнесат трети страни.

Република Македонија и Грција се обврзаа да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата држава и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава.

Исто така двете држави презедоа обврска, во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите Нации, да се воздржуваат од закани или употреба на сила, вклучително од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница.

Во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.

Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми. Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.

Со новиот уставен амандман кој се предлага се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

Образложение на Амандман XXXVI

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Конечната спогодба со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Согласно Конечната спогодба, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот, да не може или не треба да се толкува на начин кој претставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата држава, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.

Во членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со уставниот амандман кој се предлага се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ. Исто така, со амандманот се гарантира заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство. Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за дијаспората како на македонскиот народ така и на другите заедници, за негување и унапредување на нивните врски со татковината, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.