Кире Наумов, кандидат за лидер на СДСМ, денеска за НОВА изјави:
-Одамна кажав дека ќе се кандидирам и со таа цел испратив мејл и писмо до генералниот секретар, бидејќи барам да се објави јавно, на Веб страната на СДСМ или мене да ми се даде список на сите делегати, што претставува всушност избирачки список.
Второ, побарав да ми биде дадена можност во просториите на СДСМ да излезам со прес-конференција на која ќе биде објавена мојата кандидатура. Доколку оваа можност не е искористена од останатите кандидати, тогаш се откажувам од ова мое барање и ќе формирам во други простории штаб каде тоа ќе го сторам.
Инаку, тврдам дека никој не стои зад мене како што беше објавувано, оваа одлука е само моја, но имам поддршка од многу членови, како што и барам поддршка од буквално сите членови: новите, ветераните, избрканите, но и се разбира, неутралните, граѓаните, изјави Кире Наумов, кандидат за лидер на СДСМ за НОВА.