За да имаме успешен резултат, мора да постои синергија меѓу режисерот и композиторот. Композиторот ја следи визијата на режисерот и она што режисерот како порака го испраќа со тој филм, но слободата и довербата се исто така многу важни за да има креативен процес од двете страни, вели композиторот Кирил Џајковски добитник на годинешнава „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на фестивал „Браќа Манаки“ во интервју за Медиумската информативна агенција.
Филмот е скапа уметничка форма и бара големи вложувања, но е важно да се инвестира во уметноста и во младите сили, вели композиторот и додава дека ова за него е награда што ќе има посебно место не само на неговите витрини, туку и во неговото срце. Линк