Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирил Џајковски, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“: Се радувам што филмската музика добива заслужено внимание

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 30, 2025 09:50

За да имаме успешен резултат, мора да постои синергија меѓу режисерот и композиторот. Композиторот ја следи визијата на режисерот и она што режисерот како порака го испраќа со тој филм, но слободата и довербата се исто така многу важни за да има креативен процес од двете страни. 

Марјан Танушевски 

Филмот е скапа уметничка форма и бара големи вложувања, но е важно да се инвестира во уметноста и во младите сили, вели во интервју за МИА, композиторот Кирил Џајковски, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што се доделува на ИФФК „Браќа Манаки“ и која како што изјави, за него е награда што ќе има посебно место не само на неговите витрини, туку и во неговото срце.

-Во однос на соработката, за да имаме успешен резултат, мора да постои синергија меѓу режисерот и композиторот. Композиторот ја следи визијата на режисерот и она што режисерот како порака го испраќа со тој филм, но слободата и довербата се исто така многу важни за да има креативен процес од двете страни. Сум работел и со македонски и со странски режисери, но македонските филмови се нешто во што особено уживам. Освен Манчевски и Поповски кои веќе ги споменав, ќе ги споменам и Иво Трајков и Дарко Митревски како режисери кои ми дале неограничена слобода и доверба и со чии филмови се гордеам. Ме прашувате и за роковите. Филмовите се многу комплексен процес, не знам дали тоа гледачот може да го забележи кога го гледа готовиот производ, но постои плејада на луѓе кои мора да ја завршат својата работа успешно, квалитетно и во рок за да целиот тој систем функционира. Така рокови постоеле и за мене, но тоа не ми е голем проблем, бидејќи под притисок сум најкреативен, открива Џајковски за соработката со режисерите.

Во продолжение, прочитајте го интервјуто со композиторот на филмска и театарска музика, Кирил Џајковски, реализирано за време на ИФФК „Браќа Манаки“.

Честитки за наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. Како го доживувате ова признание и што за вас значи одлуката на Друштвото на филмските работници на Македонија?

-Ви благодарам на честитките. Ова признание е огромна чест и многу ми значи, особено затоа што доаѓа од колеги филмски работници. Со компонирање музика за филм се занимавам повеќе од 25 години и можам да кажам дека уживам во создавањето на применета музика. Имав среќа да работам со исклучителни режисери со кои сме во креативна хармонија и затоа и резултатот не радува и нас и публиката. Во јуни оваа година мојата филмска музика ја претставив и преку концерт со голем оркестар и направив една сублимација на сѐ што е работено низ годините. Реакцијата на публиката, како и оваа награда длабоко ме трогнаа и ме радува што филмската музика добива заслужено внимание.

Потсетете на вашите почетоци и зошто се одлучивте да компонирате музика за театар и филм?

-Не би рекол дека е тоа одлука, туку можеби некој природен тек на развојот на мојата кариера. Филмската работа ја започнав со Милчо Манчевски, додека театарската со Александар Поповски, а работата со нив е секогаш инспиративна, базирана на доверба и бара да се излезе надвор од комфорната зона. Тој принцип и мене ми одговара, и секогаш се трудам да придонесам со креативни решенија каде музиката ќе биде рамноправен партнер на нивните одлични филмски и театарски дела.

Што за вас е потешко да се компонира – музика за театар или филм?

-Може да биде еднакво тешко и еднакво лесно. Сценариото, текстот, режијата, глумците, дизајнот, музиката, сѐ заедно прави една целина. Тешко е кога има проблем во кој било од овие елементи, лесно е кога сѐ ќе профункционира така како што е замислено. Јас немам некоја лична преференца, уживам и кога работам музика за театарски претстави и кога работам на филм.

Посочете дел од филмовите и режисерите со кои сте работеле музика за македонски филм. Како се одвива таа соработка, дали сте биле под притисок на рокови, колку режисерите влијаеле врз влезот во компонирањето, колку слобода сте имале при компонирањето?

-Во однос на соработката, за да имаме успешен резултат, мора да постои синергија меѓу режисерот и композиторот. Композиторот ја следи визијата на режисерот и она што режисерот како порака го испраќа со тој филм, но слободата и довербата се исто така многу важни за да има креативен процес од двете страни. Сум работел и со македонски и со странски режисери, но македонските филмови се нешто во што особено уживам. Освен Манчевски и Поповски кои веќе ги споменав, ќе ги споменам и Иво Трајков и Дарко Митревски како режисери кои ми дале неограничена слобода и доверба и со чии филмови се гордеам. Ме прашувате и за роковите. Филмовите се многу комплексен процес, не знам дали тоа гледачот може да го забележи кога го гледа готовиот производ, но постои плејада на луѓе кои мора да ја завршат својата работа успешно, квалитетно и во рок за да целиот тој систем функционира. Така рокови постоеле и за мене, но тоа не ми е голем проблем, бидејќи под притисок сум најкреативен.

-Во вашата кариера неодминлива е и соработката со странски режисери. Кои се почестите дестинации и со кого?

Низ годините сум соработувал со режисери од регионот, Европа, Австралија… и навистина ќе се радувам доколку оваа филмска приказна продолжи да се развива. Во последно време се отвораат можности во Словачка, Чешка што е главно резултат на соработката со Иво Трајков кој е наш режисер, но живее и работи во Прага. Ќе ја споменам нашата последна соработка на словачкиот филм „Piargy“ („Некрстени денови“) кој имаше огромен успех и собра над 150 награди на фестивали низ светот.

Дали доволно сериозно се пристапува во компонирањето на музика за филм? Дали во земјава има човечки потенцијал за компонирање музика за филм?

-Посакувам да се снимаат што повеќе филмови кои ќе овозможат да се види човечкиот потенцијал, бидејќи недостатокот на можности може да биде причина многу талентирани млади луѓе да не се одлучат за оваа професија. Филмот е скапа уметничка форма и бара големи вложувања, но е важно да се инвестира во уметноста и во младите сили.

Кои се награди ги има на вашите витрини?

-Ќе споменам само неколку, награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија за филмот „Големата вода“, награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Букурешт за филмот „Piargy“ („Некрстени денови“), награда за најдобра музика за балетот “La Capinera” на фестивалот Пургаторије, најдобра музика за претставата „Диво месо” на фестивалот „Војдан Чернодрински“, но верувајте дека наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ќе има посебно место не само на моите витрини, туку и во моето срце.

Што работите во моментов и со кого?

-Во моментот фокусот ми е на мојата авторска музика, за која го завршувам мојот нов албум. Работам на завршни детали и во креативна и во техничка смисла.

Што би им препорачале на младите композитори кои се вклучуваат или сакаат да се вклучат во овој вид творештво?

-Би им препорачал неуморно да работат и да го учат „занаетот“. Секој проект е значајно искуство и можност за учење. Без задршка нека работат и реклами, и аматерски филмови, студентски филмови и театарски претстави, компјутерски игри, емисии, краткометражни филмови, долгометражни филмови, документарци… Нека ја зграбат секоја можност и нека го покажат својот талент. Уметноста е повик, не е одлука. Верувам дека и без моја препорака или некое мудрување доколку го чувствуваат тој повик ќе се одзват, ќе творат, ќе бидат продуктивни. Се надевам дека наградата која ја добивам ќе биде мотив и за нив затоа што е препознавање на важноста на музиката во филмската уметност, истакна Џајковски во интервју за МИА.

 

голема Ѕвезда интревју кирил џајкковски МИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.