Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе мораме сами

0
By Светлана Јовановска on October 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичкиот дијалог, независноста на судството и на медиумите како и решавањето на спорот со името се обврска на Македонија и обврска која земјата треба да има политичка волја да ја реши. Европската комисија не е вистинската адреса од која треба да се бара решавање на нашите проблеми.

Ова е клучната порака на овогодишниот извештај на Европската комисија (ЕК) која неделава ни ја испрати комесарот за проширување Штефан Филе кој заминува од оваа функција. Која, патем речено, оди кај Јоханес Хан, човек кој доаѓа од Австрија, земјата во која живеат, според статистиките, најголемиот број противници на проширувањето на ЕУ.

Да тргнеме од името кое нé спречува да почнеме преговори или барем процес кој води кон отворање преговори со ЕУ. Филе призна дека тој е немоќен во таа област. И не само тој. ЕК како институција, нема алатка со која може да и помогне на Македонија, па и на Грција, за која исто така би било пожелно да се ослободи од овој проблем.

Според изјавата на висок функционер на ЕК со кој НОВА разговараше деновиве,“ЕК нема никакви шанси да го реши спорот, но земјите членки се тие кои ја имаат шансата да го решат спорот”.

Самата Комисија не е добро екипирана за решавање на билатералните прашања помеѓу земјите членки и кандидатите, рече и Филе. Нејзината задача, досегашна и идна, е да помогне. Но ако никој не е заинтересиран за таа помош, нејзината улога тука застанува.

Да се потсетиме дека пред две години, есента 2012 година, комесарот Филе и неговиот директор за проширување Италијанецот Стефано Санино, лично се ангажираа во мисија на убедување во Скопје, во Атина и во најзначајните земји членки на ЕУ. Ја воведоа идејата дека спорот за името може да биде решаван во рамките на самите преговори и со тоа да се создаде елан за Македонија за да се реши спорот. Истовремено тоа ќе креираше гаранции за сите земји членки, не само за една земја членка, дека процесот на пристапување ќе продолжи само ако има принципиелен договор за името.

Но, отсуството на решение за името не е извинување да не се спроведуваат реформите. Или да се тапка во место. Или да се назадува.

Па ете како дојдовме до препораката во 2014 година. Нема потреба од многу објаснувања. Доволно е да се прочитаат неколкуте редови на препораката:

„Со оглед на кумулативниот прогрес што земјата го направи, Комисијата смета дека политичките критериуми и понатаму се доволно исполнети и ја задржува препораката за отворање преговори за членство но жали што се направени чекори наназад во текот на изминатата година. Комисијата бара од властите да преземат одлучна акција за да се решат зголемената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето на начин кој ќе дозволи препораката да остане одржлива и во идните години“.

Во меѓувреме, додека Македонија секоја година констатира дека нејзина единствена пречка за старт на преговори е спорот со Грција, во земјата почнаа да се акумулираат проблеми со демократијата. Владата и опозицијата не успеваат да го преведат во пракса поимот за политички дијалог. Недостигот на таа клучна политичка соработка во една демократија со себе носи поларизација на целото општеството.

Затоа Комисијата зборува за «назадување» и «ќор-сокак» во последниот извештај кога комесарот Филе, во заминување, одлучи за прв пат отворено и да проговори. Спорот за името повеќе не е на врвот на топ проблемите и не е единствената причина што не преговараме за членство и не е причина што Македонија, следната година, можеби ќе остане без препораката доколку не се разбуди од розевиот «реформски сон» што го сонуваат само мал број луѓе во земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.