Каролин Кенеди, ќерката на убиениот американски претседател Џон Кенеди, именувана е за амбасадор на САД во Јапонија.
Сенатот доцна синоќа едногласно го поддржал именувањето на Каролин Кенеди, пренесува АП. Неа ја именуваше американскиот претседател Барак Обама откако таа учествуваше во неговата претседателска кампања.
Минатиот месец, кога беше потврдена нејзината номинација, таа вети дека ќе го спроведува наследството од татако и.
Јапонија е четврта земја по значење како економски партнер на САД.
Каролин Кенеди имаше шест години кога нејзиниот татко беше убиен на 22 ноември 1963 година.