Вацлав Клаус, поранешен претседател на Чешка ги учи младите на политичката школа на Иванов дека традиционалните вредности се на удар од ЕУ и нејзиното инсистирање за мултикултурност, човекови права и политичка коректност.
Во настапот пред учесниците на Летната школа за млади лидери која се одржува под покровителство на претседателот Иванов поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус рече дека влезот на Чешка во ЕУ бил корак назад за неговата држава.
Треба да се каже гласно дека европскиот економски и социјален систем како и претерано регулираната економија на која притискаат социјалните и еколошки услови не овозможува брз економски развој кој им е потребен на земјите од источна и јужна Европа, изјави Клаус пред учесниците на Летната школа.
Вацлав Клаус кој деновиве е гостин на претседателот Иванов е познат како како полтичар кој гласно го застапува евроскептицизмот. За разлика од него големото мнозинство на граѓани во Чешка (63%) сметаат дека нивната држава имала големи бенефиции од членството во ЕУ.