Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатските промени можат да бидат драматични и во Македонија

0
By Биљана Секуловска on October 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Феноменот на климатски промени најмногу се препознава по драматичните временски промени, особено последниве години- зголемување на глобалните средни температури на воздухот и океанот, распространетото топење на снежната и ледена покривка и пораст на морското ниво

Многу студии и научни анализи посочуваат а промените на климата и времето, кои говорат и за апокалиптични сценарија, доколку не се интервенира брзо и одлучно, без одлагање- особено демократските, развиени земји, кои со своето влијание и авторитет можат да извршат притисок и во останатиот свет- земјите кои се во развој, или пак слабо развиените земји, но и оние кои имаат проблематичен демократски капацитет.

Кога се говори за временски и климатски промени, веројатно најрелевантна и најдобра илустрација е Арктикот- брзината на пораст на средните температури на Арктикот е скоро двапати поголема отколку глобалната средна температура. Копнените области се загреваат побргу од океаните.

Напоредно со загревањето е забележителен и пораст на морското ниво.  На двете хемисфери има намалување на снежната и ледена покривка на планините и глечерите.

КЛИМАТСКИ СЦЕНАРИЈА

Овие параметри, студиите укажуваат на постоење на голема веројатност дека золемувањето на средната температура на воздухот, зголемување на нивото на морето, измена на просторните и временски шеми на ветровите, појавата на интензивни екстра-тропски бури, долготрајни топлотни бранови и слично се должат на влијанието на човековите активности пред сè на зголемување на количината на стакленички гасови во атмосферата.

Ова се поткрепува и со резултатите од бројните математички модели кои се користат за симулирање – предвидување на идната состојба на климата. Иако природните процеси и фактори се премногу сложени за да може доволно добро да се опишат со овие модели, резултатите недвојбено укажуваат на влијанието на стакленичките гасови кои се продукт на човековите активности на промените на климата.

Има две компоненти кои влијаат на промената на климата- првата се природните фактори: сончевото зрачење, процесите на кружење на водата во атмосферата, периодичните (дневни, сезонски и годишни) промени на атмосферата и оканите, вулканските ерупции, пустинската прашина и слично.

Втората компонента е присуството на стакленичките гасови изразено преку: интензитетот на нивно испуштање во атмосферата, нивниот состав, вкупната и парцијална количина. Оваа компонента се опишува со таканаречени „Емисиони сценарија“.

 

Ø Во цел период 2025 – 2100 постојат позитивни промени односно веројатен е пораст на температурата.

Ø Порастот на температурата е најинтензивен и значителен во летниот дел од годината односно веројатно е летата да стануваат сè потопли.

Ø Веројатно е во пролет и лето промените на температурите а со тоа и самите средни сезонски температури на воздухот во источниот дел на Македонија да бидат поголеми во однос на останатиот дел од Македонија.

Ø Постои континуирано намалување на врнежите. На сезонско и годишно ниво воочливи се најголеми промени во топлиот дел од годината. На месечно ниво веројатно е во јули и август целосно отсуство на врнежи, а во февруари минимално зголемување во однос на средните вредности но тоа зголемување на годишно ниво не се забележува.

Ø Во топлиот дел од годината промените на врнежите во источните делови е поизразита во однос на остатокот од Македонија.

Ø Разликите меѓу промените на температурата и врнежите пресметани во централните точки А и Б, како што е покажано погоре се блиски. За температурата овие разлики се во интервал од -0.3 оС до 0.2 оС, и варираат по сезони и години. Слично, кај врнежите разликите во промените се во интервал од -6% до 1%. Овие разлики не се драстични, напротив тие се мали и битно не би влијаеле при донесување на одлуки поврзани со прилагодувањеи кон климатските промени и ублажување на последиците од нив. Тие треба да се гледаат како индикатор за влијанието на географската положба на големината на климатските промени”.

Токму за климатските промени и временските варијации, разговараме со Пеце Ристевски, доктор по метеоролошки науки, кој целата своја професионална кариера ја посветува токму на оваа тема, работејќи во Управата за хидромеоролошки работи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.