Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

0
By Соња Крамарска on February 2, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка.

Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување и очекува позитивен одговор од страна на Mинистерствата за здравство и финансии. Барањето е за вработување на 15 лекари, а останатите се за медицински сестри, болничари, хигиеничари и физиотерапевти.

„Со оваа група која замина во приватната болница и овие два месеци имаме пензионирање на повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во Клиничка болница- Штип. Денеска ги потпишав барањата за вработување кои ќе бидат упатени до Министерството за здравство. Се надевам дека по две и пол години конечно ќе бидат потпишани решенијата за примање“, вели Ѓеорѓијев.

Кадар недостасува најмногу во Одделот за анестезиологија, од каде за два до три месеца си заминува уште еден анестезиолог, па на овој оддел ќе останат само тројца кои ќе треба да ја извршуваат работата во целата болница. Недостаток на кадар има буквално на сите оддели, но загрижувачка е ситуацијата на ортопедија, Одделот за очни болетсти, инфективното одделение.

„Ние имаме недостаток буквално на сите оддели, најдрастична бројка каде ни треба да пополниме е Одделот за анестезија каде веќе во март, април ќе останеме со минус уште еден доктор и докторот кој замнина во приватната ординација ние ќе се сведеме буквално на тројца анестезиолози за цела болница со што ќе се отежни процесот на изведување на оперативни процедури, имаме потреба на ортопедија, на Одделот за очна болести, инфективни болести“,  додава Ѓеорѓијев.

Во последните две години Клиничка болница Штип со над 500 вработени, сега е сведена на 440.

Извор: МИА

 

Клиничка болница недостаток на кадар Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.