Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клиниката за гинекологија потрошила 120 000 евра за чување документи

1
By Менче Атанасова Точи on October 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За четири години од буџетот на клиниката биле испумпани скоро 120 000 евра од двата тендери за чување и архивирање на медицински досијеа и документи

Клиниката за гинекологија плаќала по 60 000 евра  на фирма за да им ги чува медицинските досиеја и административните документи.  Станува збор за Трговско друштво за канцелариско административни дејности  „Инбох“ ДООЕЛ  со кое клиниката во октомври минатата година склучила двегодишен договор во износ од 3 516 000 денари(57 170 евра) за закуп на простор за архивирање и чување на документи во електронска и пишана форма.

За оваа намена од Клиниката за гинекологија годишно се одлевале 1 758 000 денари(28 585 евра). Набавката одела преку Бирото за јавни набавки и ова е втор двегодишен договор кој завршува во октомври 2018 година. Претходниот договор бил склучен во 2014 година.

За четири години за оваа намена од клиниката се одлеале скоро  120 000 евра. Новото раководство смета дека ова е непотребен трошок и оптоварување на буџетот, во ситуација кога на клиниката нема основен медицински материјал, кревети, ноќници за пациентките, инкубатори, респиратори, монитори, инструменти во операционите сали.

„Ние сакаме да го раскинеме договорот со фирмата но, прво треба да се види дали е тоа возможно за да не плаќаме пенали. Клиниката нема потреба да плаќа фирма која ќе ги чува документите бидејќи имаме простор за тоа во подрумските простории“, изјави за НОВА Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија.

Фото: Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија

Од податоците на Бирото за јавни набавки може да се види дека оваа фирма добивала на многу тендери на државни институции и најчесто била единствен понудувач на овие тендери .

Додека претходното раководство на чело со Марија Хаџи Лега се расфрлало и за четири години биле потрошени  речиси 120 000 евра за чување на документи,  бебиња умираат поради лошите услови, немањето доволно инкубатори и респиратори, а на одделот за интензивна нега во еден инкубатор се сместуваат по две бебиња.

Годишниот буџет на клиниката е околу седум милиони евра. Оваа сума не е доволна за да се покријат потребите.  Зградата е нова, изградена е пред пет години, но беше пуштена набрзина без техничка дозвола, а изградбата ја следеа низа недоследности.

Внатре состојбата е катастрофална. Креветите се многу стари, донесени од стариот објект и со дупки кои болничарите ги  пополнуваат со ќебиња за да можат трудниците со ризична бременост да го издржат лежењето со месеци во нив.

Родилките се жалат дека освен креветите со дупки, искинатите чаршави, нема и ноќници кои им се толку потребни во ваква ситуација, после породување.

Внатре тешко се дише поради катастрофално лошата вентилација, во подрумските простории каде што се сместени лабораториите има влага, апаратите стојат на клупи донесени од некое училиште, лифтовите откажуваат, нема доволно простор во интензивната нега, а на целиот објект внатре му е потребно реновирање.

НОВА веќе објави во какви услови престојуваат родилките на оваа клиника.  И Државниот санитарен и здравствен инспекторат обелодени дека лошите услови на клиниката допринеле за енормното зголемување на смртноста на новороденчињата. Само до септември годинава таму починале 127 новороденчиња, а минатата година дури 184 новороденчиња, што е двојно повеќе од претходната година.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.