Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коалиција „Менуваме“: Неопходни се полигони за децата и лицата со оштетен вид

0
By НОВА ТВ on August 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Коалицијата Менуваме бара Министерството за труд и социјална политика и Владата да обезбедат Регионални центри за рехабилитација на деца и лица со попреченост и полигони за децата и лицата со оштетен вид, и даваат предлог како треба да изгледаат.
-Потребен е Центар за интеграција и самостоен живот на деца и лица со оштетен вид.  Полигонот е составен  од 12 модели-справи. Сите заедно ќе овозможат правилен антрополошки развој на учениците, јакнењето на мускулите на целото тело. Целта на програмата е правилно развивање на координацијата на движењата, побрз плиометриски ефект помеѓу контракциите на мускулите, слободно движење во гестуалниот простор, ефектуирање на агилноста врз самодовербата, повисоко ниво на концентрација, корелација со ориентацијата и мобилноста во просторот и се заедно подобрување на општата здравствена состојба на учениците, велат од Коалицијата Менуваме.
Оттаму додаваат дека е потребно да има посебно проектираната атлетска патека со три стази.
-Црвената, т.е. онаа до оградата е предвидена за тотално слепите-Б1 лица  кои што ќе имаат помош од оградата и која што во текот на трчањето ќе можат да ја допираат поради држење на правецот во текот на трчањето. Жолтата, т.е. средната стаза е за практично слепите-Б2, оние кои што имаат мал остаток на вид и жолтата боја е одличен ориентир за нив. Во сината, т.е. третата стаза ќе трчаат слабовидните ученици-Б3 кои што имаа подобар остаток на вид, велат од Коалицијата.
Според нив, на моделите ќе се развива координацијата раце-долен дел на телото со движење со нозете над подлогата. Нагласуваат дека така се јакнат рацете и раменскиот појас и се подигнува нивото на самодоверба.
-Во прв план се прикажани клупите за седењe кои ќе имаат и настрешница. Мрежа од јажиња. Се јакнат мускулите на горниот дел на телото, се подобрува координацијата на движењата, се јакне вољата. Вратила на три нивоа. Спрема висината на учениците. Се прават мускулни активности за јакнење на раменскиотпојас и горниот дел на стомакот. Се подобрува самостојноста и самодовербата на учениците. Јамата за скок во далечина ќе се користи за тренинг  наученици кои ќе учествуваат на Државното првенсво во атлетика кое што се организира секоја година од страна на Националниот Сојуз на Слепи. Сегментот ќе се користи за фрлање на ѓуле, диск и копје во рамките на подготовка за учество на Државното првенсво во атлетика кое што се организира секоја година од страна на Националниот Сојуз на Слепи, се вели во соопштението од Коалицијата Менуваме.
Тие во предлогот прикажуваат модели кои се распоредени според нивната функционалност и дозволуваат метод на станици при изведба на предвидените активности. Секој модел засебно, нагласуваат,  има своја единствена и функционална искористеност. Во сите модели, велат, се применуваат и елементи од ориентацијата и мобилноста во просторот.
Коалиција „Менуваме“ МТСП слепи лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.