Љубомир Костовски: Мицковски два пати одби да се прифати закон кој ја регулира помошта кон семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Место тоа нуди компензација – ќе го дал летовалиштето во Пониква за жртвите таму да се лекуваат…. Колку беден обид да се искупи што не дава поддршка на сет на мерки за кусорочно и долгорочно решавање на проблемот кој практично го зафаќа целиот град. Или можеби смета дека Кочани може да се прсели на Пониква? Па тие деца не можат да се грижат за себе, родителите немаат плата бидејќи морале да останат дома 24 часа на ден а практично само една специјалистка во Болницата е таа која се грижи за раните на тешко повредените… Ајде сега сите на еден казан на Пониква, ќе ви помине. Ете така размислува човекот кој не се ниту извини за својот (огромен) дел до вината за настанот кој, како шрто рече републичкиот јавен обвинител вечерта по настанот – е пад на целиот систем!
Извор: Фејсбук