Published: Saturday, December 27, 2025 17:55
Александар Наунов, татко на Надица, испрати емотивна порака за загубата на својата ќерка и барањето одговорност за, како што рече, системските пропусти што довеле до трагедијата.
Тој истакна дека единствената негова желба е да има сила да го дочека денот кога ќе се изборат за правда.
Во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се китат со светилки и радост, болката на семејствата кои ги изгубија своите најмили во трагедијата во „Пулс“ останува посилно да одекнува од празничната врева, а со тоа и нивното барање за неселективна правда.
Родителите на загинатите оваа претажна година ја заокружија со денешниот 35-ти Марш за Ангелите. Тие имаат единствена новогодишна желба, а тоа е, правда веднаш!
Извор: ТВ 24




