Во Кочани утре ќе се одржи осмиот „Марш за ангелите“. Како и секоја сабота, така и утре маршот ќе почне во 16:05.
Семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, кои го организираат маршот, истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да се придружат.
-Наша цел е јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај и нема да застанеме ниту за момент – се вели во соопштението од семејствата на починатите.
Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на нивните барања да им се придружат.