Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кофод: Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ

0
By НОВА ТВ on September 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Данска смета дека Република Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека подоцна годинава или најрано можно ќе донесеме таква одлука и оти сите 27 земји членки на ЕУ ќе застанат зад неа, порача денеска во Скопје данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод кој претстојува во официјална посета на земјава.

Ние, додаде тој, цврсто застануваме зад Северна Македонија и ги поддржуваме реформите што земјата ги презема изминатите години, но и претходно.

-Сметаме дека Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство и ние за тоа ќе се залагаме.  Се надевам дека разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе дадат резултат, но ние сме фокусирани врз европската интеграција и многу е важно да се сфати дека реформите и работата во правец на европска интеграција треба да продолжат. Секако сметаме дека треба да почнат преговорите за членство на Северна Македонија. За нас е многу јасно дека сте подготвени за членство. Се надевам дека подоцна оваа година или што е најрано можно ќе донесеме одлука и се надевам дека сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија ќе застанат зад таквата одлука, порача министерот Кофод во одговор на новинарско прашање по средбата со неговиот колега министерот Бујар Османи.

Тема на денешната средба меѓу двајцата министри било европското досие на Северна Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан, а станало збор и за актуелните теми во меѓународните односи и безбедноста, пред се состојбите во Авганистан и ангажманите на државите за помагање и згрижување на цивилното население. Двајцата соговорници разговараат и за билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план и можноста за нејзино унапредување.

Северна Македонија е првата земја од регионот што Кофод ја посетува, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Бујар Османи Данска Јепе Кофод МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.