Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн – насоки од МОН при дојави за поставени бомби

0
By Соња Крамарска on February 23, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје која е меѓу училиштата во главниот град кои денеска наутро добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, по што учениците од првата смена, како и во други наврати досега, се евакуирани од објектот. За да не се губат часови, учениците треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.

Министерството за образование и наука до директорите на училиштата во земјава испратило допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина.

МОН им укажува на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење  електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.

Александар Ангелковиќ, четврта година во гимназијата „Георги Димитров“, смета дека дојавите за бомби и загубените часови се голем проблем, особено за матурантите зашто ова е период кога треба да се подготвуваат за државната матура.

„Имаше пандемија од корона, па протест од професорите, но „бомбите“ се покажаа како најголем предизвик. Се надевам дека ова навреме ќе се преброди за соодветно да се реализира наставата и матурата и дека МОН и другите надлежни институции ќе дадат некое решение кое доцни. Би било добро да се земе помош од нашите партнери во НАТО и Европската Унија за да може да се преброди овој доста сериозен проблем“, изјави Ангелковиќ, според кого одлуката за онлајн-настава ја носат надлежните и дека ако таа е единствена алтернатива верува дека ќе успее.

Ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој учествуваше на трибината „Безбедноста во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“, одговарајќи на прашањето какви идни студенти ќе има државава поради загубената настава во средно образование, рече дека тоа ќе се одрази, но дека пропуштеното може да се компензира.

„Мислам дека наставниците се ќе направат за да го надоместат изгубеното. Секако дека онлајн-наставата не е заборавена, УКИМ ја користи и за разни други намени. МОН треба да има стратегија за ова и мислам дека се подготвува за друг модалитет за настава ако овие работи се повторуваат. Но, секоја стратегија не е лесно да се направи, тоа си бара време и верувам во постоечката гарнитура на МОН дека бргу ќе се справи со овој предизвик“, рече Јанкуловски.

Извор: МИА

дојави за бомби Онлајн настава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.