Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој да ти каже, Атиџе

0
By Биљана Секуловска on January 18, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само гледајте ги дебатите низ социјалните мрежи околу дилемите- дали да се слави жената-борец Атиџе, дали да биде прогласена за наша национална гордост или не, што да се прави добога, кој пат да се фати, а да се остане чистокрвен македонски патриот?

Дилемите имаат свој антички корен и своја пеколна националистичко-фашистичка крива линија- Атиџе, и покрај сè , велат тие- не е наша, не е полнокрвна, горда Македонка, нема ни најмал траг од некакво залутано генче за да се слави како наша, македонска светица.

Настрана купиштата светски награди, признанија, а да не го спомнувам најважното- филмските рецензии на критичарите низ највлијателните и најважните медиуми од сите континенти. Нашиве твродкорни Македонци ги расчленуваат, копираат и разделуваат во манирот на генетски чисти антики дотаму само до каде стигнуваат режисерските бравури и мајстории на талентираните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Но, што да се прави со Атиџе, кој став е прикладно и задоволувачки да се заземе, а да не се навреди македонштината? Нашиве попалени националисти деноноќно се во потрага по претците на Атиџе- се бара траг од ситните честички на ова тло, црпејќи ја и најмалата можност да има некаква подзаборавена архива од македонизмот во нашава Атиџе.

Знаете како, секако дека може и да се толкува и на различни начини оваа фашистичка каписла која тлее во секој вистински, од глава до петици, македонски патриот. Не ме сфаќајте погрешно, не се жестете веднаш- дослушајте докрај кои се сите опции во понудата.

Најпрво, да се соочиме со фактичката реалност, да ја разгледаме вековната ѕвездена прашина низ која поминувал типичниот македонски националист. Тој замислува и е убеден во тоа дека се јасни корените на неговото лудило во величање на македонската генијалност која е запишана во секоја пора на сечиј чист, ариевски македонски организам. Ги отвора прашливите тефтери, ги отчепува мемориските картички од малиот мозок, ги пребарува архивите низ интернетските лавиринти и- се довлечкува до првото гранапче. Ја тркала гајбата во меѓувреме, затоа што мора на нешто да се поткачи, додека го држи својот историски говор За македонцките работи.

Нудејќи ја перспективата на Милошевиќ и неговите воинствени и убиствени говори, нашиов вистински Македонец, веќе размрсулавен од возбуда што се има да каже- започнува. Ги споменува сите досегашни и идни нобеловци кои ги дала оваа генијална земја- од природните до општествените науки, се редат неверојатните успеси на синовите, и слабо по некоја ќерка, да не речам непостоечка, кои создавале историја во науката, во светот, имале цивилизациска вредност и важност.

Сакавте докази- навигидоказитенатемаго, прости и строги како македонска песна, неопеана и нечуена, никаде и никогаш. Ги нуди на расчленување и анализа на маалските будали, еднакво важни и големи шутраци во убеденоста дека се работи за истиот филм низ тескобниве децении, каде можете само да кукате и да липате над сиромаштијата, социјалното проклетство, мизеријата во која сме сите ние, жалните напатени фигури, на кои ниту гајда не може да им ја долови трагичната судбина во која вековно се вовлечени- да цитирам дел од расправиите на нашиве нобеловци, генијалци во научните изуми на македонскиот ум, никогаш модифициран код на великаните.

Не е важно дали ви се допаѓа или не- Медена земја, поважно од сè е крстот на срамот што го носи Атиџе- затоа што не припаѓа на нашите  аристократски претци, лордовите и војвотките на овој народ, македонски, величенствен, кој сега е запустен и понижен како низ светот е претставен и опишан. Кој да ти каже Атиџе, кога сè знаеш и сама, кој воопшто има што да ти каже.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.