Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е авторот на камениот саркофаг на Гоце Делчев?

0
By Нова ТВ on February 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси седум децении откако во белиот камен саркофаг почиваат коските на македонскиот револуционер, Гоце Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата за тоа кој е авторот на ова обележје, пишува Дневник.

Според весникот, во потрага по името на авторот не се исклучува и можноста да се отвори камениот саркофаг, за да се увиди дали авторот потписот го оставил внатре. Истовремено та отворање би можело да се искористи и за употребување на најновите технолошки достигнувања што може да дадат одговор на уште една мистерија – дали во саркофагот се сите коски на Делчев и да се реконструкира неговото убиство. Но, за ваквата идеја допрва треба да се консултираат надлежните институции.

Бранка Илиевски, кустос во Национален конзерваторски центар-Скопје, која се грижи за комплексот „Свети Спас“, изјавила дека сите досегашни напори не довеле до името на авторот.

„Од информациите со кои јас располагам можниот автор треба да се бара меѓу еден од двајца Словенци, кои како архитекти или нешто слично во тој период 1945/46 година работеле во Скопје. Авторот имал задача слична на онаа што сега ја имаат градските архитекти, но и тоа не е сигурно. Наводно, тогаш бил и распишан и јавен конкурс за изработка на камениот саркофаг на кој имало повеќе пријавени трудови. За најдобро е избрано ова решение што и се направило. Но, никаде не можевме да најдеме документи од конкурсот, кој с` учествувал и одлуката за избор на постојниот саркофаг“, вели Илиевски.
Наспроти оваа верзија, историчарот Марјан Димитријевски од Институтот за национална историја, вели дека постојат индиции дека делото го направил некој Хрват од Далмација.

„Претпоставка е дека тој бил резбар кој работел во Скопје и дека од надлежните добил задолжение да го направи камениот саркофаг. Според некои сознанија, не бил скулптор, туку се занимавал со изработка на камени споменици за гробишта. Но, и за вакво тврдење нема докази, практично нема податоци за какво и да е поиздржано тврдење за тоа кој е непознатиот автор“, наведува Димитријевски.

Тој, заедно со кустосите Бранка Илиевски и Перса Билински, во 2006 година објави посебна публикација посветена на 60-годишнината од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. Во неа се наведува дека саркофагот бил готов во октомври 1946 година и дека е составен од блокови гранитен камен. Самата конструкција е обратно пирамидална бидејќи димензиите растат од долу кон горе.

„Трите камени столбови на кои лежи саркофагот симболично ги претставуваат трите разединети делови на Македонија – Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот“, пишува во публикацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Би-Би-Си: 50 деца им побегнаа на киднаперите во Нигерија

November 24, 2025

Земјоделците во Грција од 30 ноември најавија блокади низ целата земја

November 24, 2025

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

November 24, 2025

Србија: Една година исто барање

November 22, 2025

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025
ФОКУС

Белата куќа: Секој договор со Русија мора да го гарантира украинскиот суверенитет

ВЕСТИ November 24, 2025

Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба…

Австралија: Со мерка на влдата профили на деца под 16 години ќе се бришат од социјалните мрежи

November 24, 2025

Контра планот на Трамп од 28 точки – Европски план за Украина во  24

November 23, 2025

Украина не го прифаќа планот на Трамп – за да запре со агресијата Русија мора да биде запрена економски

November 22, 2025
ТИКЕР

Би-Би-Си: 50 деца им побегнаа на киднаперите во Нигерија

November 24, 2025

Земјоделците во Грција од 30 ноември најавија блокади низ целата земја

November 24, 2025

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

November 24, 2025

Србија: Една година исто барање

November 22, 2025

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.