Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Папата Франциск- која е целта на неговата посета

0
By Нова ТВ on May 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2019 07:51

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо, Аргентинец со италијанско потекло, е поглавар на Римокатоличката црква од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Тој е 266. поглавар на Римокатоличката црква.

Го наследи Бенедикт Шеснаесетти, кој поднесе оставка. Тој е првиот верски поглавар на 1,2 милијарда католици кој доаѓа од Латинска Америка и прв папа кој не е од Европа, по речиси илјада години. Папата Франциск е првиот језуит на чело на Ватикан.

Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Сан Мигел, a во родната Аргентина предавал и работел на ширење на верата. За кардинал бил избран во 2001 година. Работел на подобрување на угледот на црквата, која загубила многу верници, бидејќи отворено не застанала против диктатурата во Аргентина во 70-тите години од 20 век. Во 2005 година бил во најтесниот избор на претходната конклава кога кардиналот Џозеф Рацингер бил избран за папа Бенедикт Шеснаесетти.

Токму приврзаноста на редот на језуитите ја објаснува неговата одлука како папа да го носи името Франциск, по светиот Франческо Асишки, светец заштитник на сиромашните.

Други интересни факти

– Течно зборува италијански, германски и шпански, а се снаоѓа со англиски, француски и португалски. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија. Пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Во 1986 година во Франкфурт одбрани докторат по теологија.

– Папата Франциск обожува танго. На часовите по танцување ја запознал својата тогашна девојка. Но потоа го почувствувал религискиот повик. Кога имал 12 години на својата прва симпатија наводно и рекол: Ако тебе не те оженам, ќе станам свештеник.

– Во младоста работел и како исфрлувач во ноќни клубови во Буенос Аирес за да заработи за стан и храна.

– Тој е страстен навивач на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“. Во младоста активно играл кошарка. Исто така поседува голема колекција од дресови од фудбалски клубови.

– Папата Франциск е првиот папа кој не е од Европа уште од Гргур Трети кој бил роден на подрачјето на денешна Сирија а бил избран во 731 година. Тој, исто така, е прв папа од американскиот континент и прв папа роден во јужната хемисфера.

– Откако стана папа, тој беше кандидат за Нобелова награда за мир. „Тајм“ го прогласи за личност на 2013 година, списанието „Ролинг стоун“ го стави на насловната страна.

– Голем обожавател е на книжевните дела на Р.Р Толкин. Најдраги ликови од „Господар на прстените“ му се Фродо и Билбо, кои во неколку наврати ги спомнуваше како пример за победата на доброто над лошото.

– Папата Франциск многу сака да готви, а најдобро знае да го подготвува шпанското јадење паеља.

– Тој го држи рекордот од милион следбеници на Инстаграм собрани за најкус рок (за помалку од 12 часа), а исто така е еден од највлијателните светски водачи на Твитер, каде го следат над 45 милиони луѓе. Неговите Твитер страници се објавуваат на енглиски, латински, германски, португалски, полски, италијански, француски и арапски јазик.

– Иако секојдневно објавува на социјалните мрежи, папата Франциск нема свој личен компјутер. Не твита лично, но секој пост пред објавување мора да го прочита и одобри.

– Во текот на годините добивал многу екстравагантни подароци, меѓу кои и мотор Харли Дејвидсон. Подароците ги продава, а парите ги донира на центрите за бездомници.

– Папата Франциск уште во 1990 година се зарекол пред дева Марија дека засекогаш ќе престане да гледа телевизија и до денес не го прекршил заветот.

– Тој не носи црвени чевли специјално дизајнирани за него, како што правеле неговите претходници, туку носи обични црни, кои ги добил уште во родната Арегнтина.

– Тој е познат по тоа дека е многу поврзан со своите приврзаници и честопати ги изненадува луѓето кои му пишуваат со неочекуван телефонски повик. Италијански весник дури и објави прирачник, во кој се наведени правилата кои луѓето треба да ги следат додека телефонски зборуваат со папата Франциск.

– Тој не живее во официјалната папска резиденција во Апостолската палата. Наместо тоа, избра да живее во многу поскромната Каза Санта Марија, куќа за гости на Ватикан со цел да може да прима посетители и да има средби со обичните луѓе.

– Папата Франциск им само едно белодробно крило. Другото му било извадено кога бил тинејџер поради инфекција.

– Во едно интервју тој кажа дека она што најмногу му недостасува од кога е папа и одењето во пицерија.

– Во 2014 година го обнови пасошот како арегентски државјанин иако има дипломатски од Ватикан и инсистирал да нема никакви специјални привилегии.

– Тој има свој сет на емотикони, наречени папаемотикони.  Во чест на неговата посета на САД, Сфифт Меда продуцираше сет емотикони кои ја рефлектираат неговата смисла за хумор.

Неговата порака пред посетата

Во пресрет на неговата прва апостолска посета на нашата држава тој упати порака до сите граѓани на државава во која истакнува: „Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.“

– Посебната убавина на вашата земја се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои. Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните, стои во пораката на понтифот.

Доаѓањето на Папата се случува во годината во која Ватикан и Република Северна Македонија одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи. Киро Стојанов, бискуп на скопската бискупија вели дека оваа посета е историска и исклучително значајна.

„Ние сме среќни генерации кога овие денови во апостолска посета ни доаѓа светиот отец и кога таинството на црквата неколку часа ќе се случува меѓу нас до таа мера што таа стварност ќе биде допирлива и видлива. Затоа ве повикувам вас, а молам со вас таа апостолска посета да биде навистина дар на милоста, историски настан, а не само нешто што е сензација и манифестација,“ рече бискупот Стојанов.

Според него постојат неколку причини поради кои се случува оваа посета, а меѓу нив добрите дипломатски односи меѓу двете држави, родното место на Мајка Тереза, но и како сигнал на охрабрување на една малобројна заедница во нивната вера.

Г.г. Стефан: Ватикан подава рака кон нашиот народ и држава

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан оцени дека денешната посета на папата Франциск претставува признание и почит кон државата и граѓаните.

– Доаѓањето на неговата светост, пред се, го сметам како признание на Владата на Ватикан и на светата столица ватиканска, признание пред се на нашата земја и подавање рака во овие времиња на искушение кон земјата, кон македонскиот народ и кон граѓаните на Македонија. И нашата и сета црква ја држи самиот Бог. И ние свештенството и верниот народ можеме да бидеме уште подобри затоа што тоа и се очекува од нас во овие времиња што ги живееме. Искрено се трудиме да направиме што можеме повеќе за угледот и достоинството во овие времиња кога очекуваме и признавање од Цариградската патријаршија односно вселенскиот патријарх и секако прифаќање од останатите православни цркви, изјави  архиепископот Стефан за ТВ Тера по вчерашното преосветување на црковниот храм „Свети Спас“ во пелагониското село Добрушево.

„Ватикан њуз“ го воведе македонскиот јазик на својот портал

На еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Северна Македонија, закажана за 7 мај, „Ватикан њуз“ го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на овој портал. Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, објави сајтот.

Порталот наведува дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican
Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква.

Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот „Ватикан њуз“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.