Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој ја мерка фотељата во Бирото за лекови

0
By Менче Атанасова Точи on March 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бирото за лекови најверојатно уште утре ќе го добие новиот директор што ќе го замени досегашниот Илчо Захариев, кој на последните локални избори е избран за градоначалник на Штип.

Во кабинетот на министерот Никола Тодоров велат дека не знаат кого Владата ќе го постави да раководи со ова многу стратешко место во здравството. Во недостаток на официјални податоци во јавноста веќе се шпекулира со неколку имиња од фармацевската фела.

Се споменува името на неговата колешка Марија Коковалиева која го заменуваше за време на изборите, како и уште две – три други фармацевтки од Бирото, една од нив блиска до сопственик на позната градежна фирма во државата.

Но, едно од најспомнуваните варијанти за можен наследник на Захариев, е Анета Минова советник за здравство во кабинетот на премиерот Груевски, по професија фармацевт. Захариев рече дека незнае кој во иднина ќе раководи со лековите, но за НОВА изјави дека сака тоа да биде некој од вработените во Бирото за лекови.

Захариев во директорската фотеља беше цели седум години. Беше познат по тоа што секој ден патуваше на релација Штип-Скопје, тргнувајќи во четири часот наутро за веќе во 6 и 30 да биде во министерството иако работното време почнува во осум часот.

Во последните четири години со своето возило поминал 360.000 километри. „Кога ќе си ја завршите работата до осум часот наутро, после тоа може да водите љубов“ во шега вели Захариев. За себе вели дека работата ја држел под конец, но за него се врзуваат и неколку анегдоти.

Една од нив е кога во министерството настана недоразбирање и хуманитарната помош наместо за настраданите во Чиле заврши во Ирак, по што мораа да ја враќаат назад. Скандалозен беше и случајот со индиските цитостатици од кои на болните им паѓаше косата, па ги заменија со романски кои не се покажаа како подобри.

Како градоначалник Захариев ветува дека за време на својот мандат штипјани ќе ги подмлади, пред се како добар градоначалник во комбинација со неговите билки.

Во наредните четири години сите патишта ќе водат во Штип изјави за Нова, Захариев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.