НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој ќе го води СДСМ?: Петроска и Деспотовски кандидати, за Филипче и Богоев не е потврдено

0
By Ана Василевска on May 27, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето на Димитар Ковачевски од функцијата.

-Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, стои во соопштението од партијата.

Воедно, се наведува дека на седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година, Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Пред одржување на седницата прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира.

Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели,  дека е се уште рано за тоа.

-Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.

И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.

– Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни  и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов

На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата.

Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев.

На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција. Извршниот одбор на СДСМ  ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

Внатрепартиски избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.