Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кoј му дели памет на Заев: Стефани и Сокол

0
By Нова ТВ on May 28, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2019 21:13

Клиентeлистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската комисија. Владата на СДСМ навести крај на праксите на партизација на сите институции кои доведоа до опаѓање на квалитетот на живот, иселување на младите и колапс на економијата. Се вети и крај на фрустрациите на квалитетните кадри кои не можат да се натпреваруваат со вештини и идеи на пазар на труд кој според угледни домашни и меѓународни институции беше критикуван дека е под диктат на центрите на моќ во партиите.

Советничкиот кабинет на премиерот Зоран Заев содржи видни професионалци, но и мноштво лица чиј што професионален бекграунд отвори прашања за непочитување на начелата на системот на заслуги.

Партнерите НОВАТВ и ИРЛ Македонија во своето второ продолжение откриваат нови примери на клиентeлизам, конфликт на интерес и личен опортунизам во именувањето соработници на премиерот. Во него откривме дека помеѓу новите соработници и советници на премиерот се синот на Нано Ружин, Александар и писателот Венко Андоновски, личен биограф на бизнисменот Ванчо Чифлиганец.

Меѓу 63-цата вработени и хонорарно ангажирани советници и соработници има и сериозни луѓе. Но, доминантно, на списокот се лица кои отвараат прашања дали нивните компетенции одговораат на висината на задача – да се советува и да се влијае на одлуките на Претседателот на Владата.

„Тие позиции по непишано правило се даваат на луѓе со професионален багаж и авторитет во областа во која треба да советуваат. Во Македонија се чини дека овие позиции постојат за да се згрижат партиските послушници“, ќе рече Денко Малевски, првиот министер за надворешни работи на Македонија и универзитетски професор кој од скоро стана дел од советничкиот тим на претседателот Стево Пендаровски.

Стефани

Во 2015 годинa велешанката Стефани Арсовска ги завршува своите студии на приватниот универзитет ФОН. Пишува колумни за партизацијата, за владеењето на правото, за системот на заслуги во онлајн порталот Бриф. Како родена во раните деведесетти, Арсовска сака да зборува гласно и за неправдите врз младите без партиска книшка, меѓу нив и нејзини пријатели.

„Мастер студиите завршија. Е сега што правиме? Колегата мој треба да се вработи. Јасно ни е на сите нас овде… Во Република Македонија партиската книшка многу повеќе се вреднува од диплома. Партиската книшка е онаа што нè разликува и притоа многу повеќе нè дели. На послаби и појаки, на црвени и плави, ова се зборови на Стефани Арсовска од нејзин говор на ораторски вечери во 2015 година кога уште студира на приватниот универзитет ФОН. Во говорот зборува за европските вредности и за иселувањето на младите, сето тоа илустрирано преку случај на нејзин другар.

Профил на социјалната мрежа на Арсовска со премиерот како кавер фотографија.

Во меѓувреме, Стефани Арсовска е активна и во опозициското движење. Во 2015 почнуваат нејзините ангажмани во СДСМ кога ја посетува и праксата за млади. Taa магистрира на Универзитетот ФОН на политички науки од областа на надворешната политика и дипломатија. Арсовска по дипломирањето и магистрирањето на ФОН универзитетот кусо му била и демонстратор на професорот Нано Ружин на предметот „Историја на цивилизации“. Неговиот син Александар Ружин и Стефани Арсовска во ист ден добиваат договори со владата за да го советуваат премиерот.

„Јас сум дипломиран политиколог на Факултетот за политички науки при ФОН Универзитет, каде што ги завршив и постдипломските студии како стипендист на Универзитетот и се стекнав со звање Магистер на политички науки од областа на надворешната политика и дипломатија. Работев и како волонтер-асистент на тогашниот потпретседател на СДСМ, ангажман кој го остварував повеќе од три години.

Стефани Арсовска му станува советник на премиерот со авторски договор за „Поддршка на процесот за поголемо искористување на ЕУ фондовите во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство, во потесна соработка со посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Таа работи во кабинетот на посебната советничка за земјоделие Ленче Николовска, поранешна новинарка и пратеничка.

Стефани Арсовска (лево) со посебната советничка на премиерот за земјоделие Ленче Николовска на митинг на СДСМ

Стефани  Арсовска зема хонорар од 30.000 денари месечно, а договорот и е на една година.

Првиот ангажман во државната служба го добива по смената на власта во 2017 година како постојан надворешен соработник со договор на дело во министерството за култура. Задача и била да ги средува материјалите за седници на владата што доаѓаат од Кабинетот на тогашниот министер Роберт Алаѓозовски.

Во време додека била ангажирана во Министерството за култура конкурирала со проект со наслов „Хибернација во политичкиот говор“. Конкурсот бил распишан на 29 септември и траел до 14 ноември во 2018 година. Одлуките се носени подоцна и резултатите се објавени во февруари, кога таа веќе заминува. Стефани Арсовска добила 70.000 денари за нејзиниот проект, потврдуваат од Министерството од каде што нè замолија да не испуштиме пред бројот 70.000 да пишеме „само“, сугерирајќи дека не станува збор за големи пари. Но, тогашното истражување на емисијата „360 степени“ кое се бавеше со контроверзите околу делењето пари во културата, за проектот на Стефани Арсовска пишува дека е најниско бодуван во нејзината категорија, сепак добил средства.

„Кога се носела одлуката за мојата апликација не сум била ангажирана во Министерството, ниту пак, како било сум можела да учествувам во одлучувањето и да влијаам врз одлуката, што значи дека не постои никаков конфликт на интерес“, вели таа.

Сокол

Филип Андов наречен Сокол им е познат на многумина во Скопје од вечерните излегувања и дневните кафе-пиења по скопските кафулиња. Чест гостин е во ресторанот „Дион“ на скопскиот кеј каде што во викендите се забавува на забавна и на турбо-фолк музика. Таму излегуваат многу видни сегашни и поранешни функционери, лица од естрадата, но и контроверзни бизнисмени и членови на подземјето. На пример, братот на премиерот Зоран Заев, Вице, правеше новогодишен прием за политичари, бизнисмени и новинари токму во „Дион“.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна обвини дека за Андов постојат и кривични пријави за насилство кои стојат во фиока. Неговиот брат е полицаец, а негови добри пријатели се градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Ангажманот на Андов, за којшто добиваа месечен хонорар од 30.000 денари, во владиниот одговор е опишан со следниве зборови: креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните од Град Скопје.

Филип Андов (лево) во друштво со директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Го прашавме кои се неговите компетенции за да биде назначен на оваа позиција, дали можеби партијата помогнала, или пак тоа се должи на неговиот професионален авторитет.

„Мојот ангажман е надворешен, јас не сум вработен во кабинетот ниту во Владата, а моја работна професија е стопанственик во бизнис секторот. Ангажманот за кабинетот на премиерот никако не е поврзан со мојата партиска припадност, а истата никако не влијае врз моите професионални активности кои ги извршувам за Владата“, рече Андов.

Не е познато на какви бизниси мисли, но во Скопје е познат како поранешен локален менаџер на кафулиња, а се пробал и како угостител – претприемач. Од Владата во нивните одговори не кажаа како во Кабинетот се воделе во изборот на советници и дали системот на заслуги одиграл некаква улога и каква.

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.

Читајте утре: Новинари и водители на фолк фестивали во советничкиот тим на премиерот. 

Пишуваат: Маја Јовановска и Сашка Цветковска Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија

Сторијата е дел од соработката помеѓу НОВАТВ и ИРЛ Македонија во рамки на проектот на НЕД за унапредување на состојбите во сферата на владеењето на правото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.